Каракачанов и Џамбаски поднесоа оставки по дебаклот на изборите
Поранешниот министер за одбрана Каракачанов со своите провокативни изјави кон Македонија постојано предизвикуваше реакции, но тоа не му донесе гласови во три избори во низа во 2021-ва, така што на последните не обезбеди ниту еден пратеник по што целото раководство на ВМРО-БНД понуди оставки.
На изборите вчера партијата на Каракачанов освои помалку од 1 процент од гласовите. На претседателските избори, нивниот кандидат помина уште полошо и стигна до 0,46% од гласовите.
Каракачанов, пак чија кариера се базираше на постојани критики и провокации упатени кон Македонците, на изборното место во бугарската амбасада во Скопје и на останатите шест избирачки места низ Македонија помина солидно. Од околу 650 гласачи што имале бугарски документи и гласаат во Македонија, за Каракачанов и ВМРО-БНД гласале 136 или околу 20 проценти.
Оставка претходно поднесе и Христо Иванов, копретседавач од Демократска Бугарија. Според првичните резултати од парламентарните избори во Бугарија коалицијата „Демократска Бугарија” во која влегуваат „Да, Бугарија!”, Демократи за силна Бугарија, Движењето на зелените по вчерашното гласање излезе шеста политичка сила во земјата со нешто помалку од шест отсто поддршка од гласачите. Резултатот покажува многу сериозно отстапување од резултатите што „Демократска Бугарија” ги постигна на изборите на 4 април и на 11 јули.