Кандидатот за нов шеф на дипломатијата на Бугарија си ја лажирал биографијата
Димитар Гардев, кандидатот на партијата Има таков народ за функцијата нов министер за надворешни работи на Бугарија, се чини дека лажел во своето официјално CV за позицијата што ја извршувал како вработен во Европскиот парламент. Откритието, кое го објави „Еурактив“, веројатно ќе ги вознемири коалициските партнери кои преговараат за формирање нова влада по изборите на 14 ноември. Сепак, тешко е да се предвиди дали тоа би можело да го спречи Гардев да ја добие работата.Одлуката на крајот ќе ја донесе Слави Трифонов, лидерот на „Има таков народ“, кој не се појавува во јавноста.
Бугарија формира коалициска влада составена од четири партии: центристичката „Промената продолжува“, централно-левичарската Бугарска социјалистичка партија (БСП), антисистемската Има таков народ и десниот центар Демократска Бугарија. Имињата на кандидатите за министри станаа познати во понеделникот, а за премиер е именуван лидерот на „Промените продолжуваат“ Кирил Петков. Иако списокот не е официјален, ниту еден од четворицата коалициски партнери не ги оспори протекувањата објавени во медиумите, во кои Гардев беше промовиран како нов министер за надворешни работи.
Во своето официјално CV, Гардев напиша дека бил „советник во АФЕТ и СЕДЕ“, комитети на Европскиот парламент за надворешни работи и за безбедност и одбрана. Се чини дека ова е највисоката функција на Гардев, а информацијата ја пренесоа повеќето бугарски медиуми.
Еурактив Бугарија контактираше со релевантните служби на Европскиот парламент, кои рекоа дека „администрацијата на Европскиот парламент нема податоци за Димитар Гардев како член на персоналот во нејзиниот секретаријат“.
Вработувањето на Гардев во парламентот всушност вклучуваше работа како помошник на бугарската европратеничка, Елена Јончева, во нејзината канцеларија во Софија. Запрашан за коментар, Гардев рече дека навистина работел како помошник на Јончева и во оваа функција покривал прашања од надлежностите на комитетите АФЕТ и СЕДЕ во кои Јончева била член. Тој рече дека Европскиот парламент ја разгледал неговата работа и дека добил добра оценка.
Јончева потврди дека Гардев и бил помошник во канцеларијата во Софија во периодот од 2019 до 2020 година, но рече дека неговото тврдење дека бил советник на двата комитета не е точно.
Посакуваната функција министер за надворешни работи е особено важна во време кога Бугарија мора да најде решение за билатералните прашања со Северна Македонија, што ќе и овозможи да ги започне разговорите за пристапување во ЕУ. Бугарскиот претседател Румен Радев ги повика политичките партии да номинираат „професионалец“ за таа функција.
добра проценка.
„Еурактив“ контактираше со Јончева, која потврди дека Гардев ѝ бил помошник во канцеларијата во Софија во периодот од 2019 до 2020 година, но рече дека неговото тврдење дека бил советник на двата комитета не е точно.
Посакуваната функција министер за надворешни работи е особено важна во време кога Бугарија мора да најде решение за нејзините билатерални прашања со Северна Македонија, што ќе му овозможи на Скопје да ги започне разговорите за пристапување во ЕУ.
Бугарскиот претседател Румен Радев ги повика политичките партии да номинираат „професионалец“ за таа функција.