Каков имот пријавил премиерот Мицкоски: Куќа вредна 450 илјади евра, два часовници од 53 илјади евра


Фото: Б. Грданоски

Премиерот Христијан Мицкоски го објави својот анкетен лист.

На свое име пријавил дека поседува куќа во Влае купена за 26,8 милиони денари (450 илјади евра), имот кој го стекнал со купопродажен договор во 2014 година, кога бил професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Пријавил и девизен влог во евра, но не напишал кој е износот девизи во штедната книшка, а од долгови, пак, премиер пријавил и дека има кредит од околу 400.000 денари.

Интересно е што Мицкоски во анкетниот лист пријавил дека има два часовника, кои ги поседува од 2015, односно 2016 година. Едниот окоу 40.000 евра или околу 2,3 милиони денари, додека другиот часовник околу 800 илјади денари или околу 13 илјади евра.

Премиерот Мицкоски не објаснил како ги набавил овие два луксузни часовници од швајцарски марки, односно дали ги купил или ги добил на подарок.

Мицковски во анкетниот лист пријавил и уметничка слика која во 2016 ја купил за 10 илјади евра.

Нема сопствено возило. 

Премиерот Христијан Мицковски е професор на Машински факултет веќе 10 години, а бил и директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на поранешниот премиер Никола Груевкси а веќе 7 години е лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Во својата кариера бил и инсталатер на клима уреди на компанијата ФОНКО, а имал и удели во мали хидроцентрали кои ги продал кога стана лидер на ВМРО ДПМНЕ.