Како вежбањето може да ви помогне да створите отпорност на стрес


Влијанието кое вежбањето го има врз психичкото здравје е големо, истакнуваат стручњаците. Тоа нѐ ослободува од стресот, односно нѐ прави посреќни, а исто така и поотпорни.

„Науката докажа дека со работа на мускулите се ослободуваат хемикалии наречени миокини, кои потоа одат во крвотокот и го подобруваат расположението, ја намалуваат анскиозноста и му помагаат на мозокот да стане поотпорен на стрес“, објаснува докторката Кели Мекгонигал.

Важно е да се нагласи дека секој вид вежбање е еднакво корисно, без разлика дали станува збор за одење, танцување, кревање тегови или пливање. Најважное мускулите константно да бидат во движење.

На работата на мозокот добро влијаат дури и работи кои не се директно поврзани со вежбањето. На пример, мирисот на производите за чистење во теретаната мозокот може да го поврзе со задоволство насетувајќи дека наскоро ќе почнете да тренирате, пренесе Шејп.

„Во деновите кога луѓето вежбаат, стресните работи помалку влијаат на нивното психичко здравје. Отпорни сте затоа што движењето ја подобрува вашата способност да се носите со предизвиците. И не само тоа, редовен тренинг со текот на времето го „менува“ мозокот на подобро, односно го одржува неговото здравје“, вели Мекгонигал.

Истражувањата покажаа дека по шест седмици физичка активност се гледаат функционални и структурални промени во мозокот кои се слични со резултатите кои инаку ги даваат најнапредните третмани за лекување на депресијата. koje inače daju najnapredniji tretmani za liječenje depresije.