Како лагата на една тинејџерка доведе до смрт на професорот во Париз


 

Како и многу друг школски забушанти, 13-годишната тинејџерка не сакала нејзиниот татко да дознае дека е суспендирана од училиште затоа што не се појавила на настава. Па, измислила приказна. Тинејџерката рекла дека нејзиниот учител по историја Семјуел Пати, им наложил на муслиманските ученици да ја напуштат училницата затоа што ќе прикажува „фотографија од Пророкот и тоа гол“. Се чинело дека сето тоа е невина лага, но поттикна синџир од настани кои завршија со незамислив ужас, пишува „Гардијан“.

Десет дена подоцна учителот беше мртов. Исламски терорист му ја отсече главата. Неговот семејство беше скршено од болка. Гранција е трауматизирана, а девојчето и нејзиниот татко се соочени со казнени пријави. Под истрага се и двајца тинејџери кои примиле пари од убиецот Абдулах Анзоров.

Признала дека лажно го обвинила професорот

Во неделата францускиот дневен весник „Паризиен“ откри дека девојчето, познато само како З. признала дека лажно го обвинила Пати. На истражниот антитерористички судија му признала дека лажела и дека не ни била во одделението кога Пати наводно прикажувал слики од Пророкот од сатиричниот весник „Шарли Ебдо“. „Паризиен“ напиша како девојчето лажело за да му угоди на таткото.

„Не се осмелила да му ги соопшти на татко ѝ причините за својата суспензија непосредно пред трагедијата која е поврзана со нејзиното лошо однесување“, пишува весникот.

На шести октомври минатата година учителот по историја и географија Пати држел лекција во која поставил делема. Поставил прашање „Да се биде или не Шарли?“, мислејќи на хаштагот #JeSuisCharlie со кој се изразува поддршка на овој сатиричен весник по нападот на нивната редакција во 2015 година, кога беа убиени 12 луѓе.

Пати ги повикал муслиманите кои мислат дека може да бидат шокирани да ги затворат очеите или накратко да излезат од училницата додека на останатите им ја покажувал карикатуратра (47) барал од муслиманските ученици да ја напушатат училницита пред покажувањето на карикатурата. Рекла дека му се спротивставила на учителот кој потоа ја суспендирал од наставата на два дена.

Видео кое покрена сè

Откако ја слушнал оваа приказна, огорчениот татко, 48-годишен Мароканец Брахим Шнина, на Фејсбук објавил видео во кое го осудил Пати и ги повикал надлежните во училиштето да го отпуштат од работа. Во друго, исто така жестоко видео на социјалните мрежи Пати се обвинува за дискриминација. Шнина се обратил до училиштето и до полицијата тврдејќи дека Пати е виновен за ширење порнографски фотографии, обвинувајќи го училиштето дека поддржува исламофобија.

Кога лавината на социјалните мрежи почнала, набрзо стигнала до 18-годишниот Анзоров, радикализиран чечнски имигрант кој живее во Нормандија и на интернет барал провокација за акција. Анзоров на 16 октомври допатувал во Париз, платил на двајца тинејџери да му го покажат Пати, додека овој во петок попладне го напуштал својот дом и му ја отсече главата. Лагата доведе до убиство на човек, татко на петгодишно момче.

Девојчето З, наводно се држело до својата приказна се додека полицијата не ѝ кажала дека неколку нејзини соученици велат дека таа не била присутна на часот и дека Пати не ги упатил муслиманските ученици да излезат од часот како што тврдела таа.

Истражителите увтрдиле дека таа страда од комплекс на инфериорност и дека е верна на нејзиниот татко. Адвокатот на девојчето Мбеко Табула инсистира дека товарот не може да се стави на грбот на 13-годишното девојче.

„Не сакав никому да му наштетам“

„Токму татковото претерано однесување, снимањето и објавувањето на видеото кое го обвинува професорот доведе до оваа спирала. Мојата клинетка лажела, но дури и тоа да е вистина, реакцијата на нејзиниот татко е несразмерна“, вели Мбеко Табул аза „Паризиен“.

Шнина, кој е под истрага поради учество во терористичко убиство, на полицијата ѝ рекол дека бил „глупав идиот“.

„Не ни можев да помислам дека моите објави ќе ги види терорист. Не сакав никому да наштетам со својата објава. Тешко е воопшто да се замисли како дојдовме до ова, дека изгубивме професор по историја и дека сите ме обвинуваат мене“, вели Шнина.