Како го направивме | КАКО БЕА СОЗДАДЕНИ ВАЖНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА (7)

Како ја направивме „Одисеја во вселената 2001“

Триковите со камерата што ги користеше екипажот за да симулира центрифугална сила беа генијални

Гардијан

Рок Хадсон ја напушти премиерата велејќи „Какво е ова срање“, ХАЛ оригинално го имаше акцентот кокни од Лондон, Стенли Кјубрик го искористи моделот на вселенскиот брод да му плати на туторот на неговата ќерка

Ако има некаков врвен култ за одреден филм тоа без сомнение е ремек-делото на Стенли Кјубрик од 1968 „Одисеја во вселената 2001“. Овој научно-фантастичен филм инсириран од краткиот роман на Артур Кларк „Сентинел“ од 1951 е многу повеќе од тоа – тој во себе ги истражува темите на егзистенцијализмот, човечката еволуција, технологијата, вештачката интелигенција и можноста за постоење живот надвор од Земјата.

Кјубрик избегна да ги користи стандарните кинематографски и наративни техники, дијалогот се користи само повремено, има долги сцени кои се придружени само со класична музика. „Лошиот“ суперкомпјутер ХАЛ е еден од главните јунаци во филмот. „Одисеја во вселената 2001“ беше номиниран за четири оскари, но освои само еден – за визуелни ефекти.

Кога беше прикажан критиката беше поделена, затоа што дотогаш немаше филм кој на таков начин ги третира луѓето и вселената – во основа, на филозофски начин. Сега „Одисеја во вселената 2001“ се смета за еден од најголемите и највлијателните филмови направени во кинематографијата.

 

Кир Галија, го игра астронаутот Дејв Боумен

Еден ден во раните 1960-ти ми читаа од дланка на еден саем. „Читачот“ виде ракетен брод во мојата иднина. Потоа се јави мојот агент и рече дека ми е понудена главната улога во следниот филм на Стенли Кјубрик. Кога почнав да го читам сценариото, нешто ми беше ужасно познато. Како тинејџер, го читав „Сентинел“, расказ на Артур Кларк – и тоа беше почетната точка за филмот на Кјубрик.

Првиот ден од снимањето заврши со одложување бидејќи на Кјубрик не му се допаднаа моите чевли. Гардероберот дојде со вистинскиот пар навистина брзо. Чувствував стравопочит кога работев со него и тој сфати дека сум напнат – што е страшно за еден актер. По една недела ме тргна настрана и ми рече: „Кир, ти си сè што барам“.

Ротирачките простории за живеењена вселенското летало Дискавери беа изградени од „Викерс“ (британска инжинерска компанија). Имаа 21 метри стапки и свртеа со 5 километри на час. Триковите со камерата што ги користеше екипажот за да симулира центрифугална сила беа генијални. Има сцена кога се качувам по скала и, од другата страна на екранот, го гледате другиот астронаут како седи на маса наопаку. Изгледа како да одам наоколу кон него, додека и јас не се превртам наопаку, но тие всушност го завртеа комплетот, а тој околу мене. Се чини дека јаде нормално – но само затоа што му ја залепија храната за вилушката.

Темата за вештачката интелигенција ја отвори токму овој филм. За несреќа на астронаутите суперкомпјутерот ХАЛ знаеше да чита од усните

Филмот беше многу претпазлив за опасностите од вештачката интелигенција. Кјубрик не го знаеше точниот глас што го сакаше за Хал, компјутерот што е лош, но ни требаше нешто со кое ќе работиме при  снимањето. На крајот, тој се сврте кон првиот асистент режисер, кој беше од источен Лондон, и рече: „Ти работиш на гласовите за момците “. Така, ХАЛ на почетокот звучеше како истендер од Лондон. „Мислам дека знаеш што е проблемот“, рече тој со кокни акцент, „исто како што знам јас“.

Филмот доби мешани критики. Многу луѓе ја напуштија премиерата, вклучувајќи го и Рок Хадсон. „Какво е ова срање?“, рече тој. Но, неколку месеци по објавувањето, сфатија дека многу луѓе го гледаат додека пушат смешни цигари. Некој во Сан Франциско дури истрча преку екранот врескајќи: „Тоа е Бог!“ Така тие смислија нов постер на кој пишува: „2001 – врвното патување!“ Сигурен сум дека мора да го гледав додека бев надуван. Но, не на премиерата.

 

Даглас Трамбул, супервизор за визуелни ефекти

Продукцијата чинеше 10 милиони долари и беше како огромен проект за истражување и развој за да се стигне до Месечината. Ако некој знаеше колку ќе биде тешко, веројатно никогаш немаше да биде одобрено. Но, во последните 50 години, филмот имаше длабок ефект, особено идејата за воспоставување контакт со која било интелигентна цивилизација таму. Речиси секоја недела среќавам астрофизичари кои велат дека се впуштиле во нивната работа поради „2001“.

Имав само 23 години, но Кјубрик ми даваше сè покомплицирани задачи. Дизајнирав лунарни пејзажи и минијатурни вселенски бродови, сликајќи на облоги и додавајќи ознаки на издувните гасови на трупот. Бев во близок контакт со советниците на НАСА, а еден од другите дизајнери, Хари Ланге, работеше на вистински вселенски летала за Вернер фон Браун (конструкторот на ракетите V-2 за нацистите). Потоа, еден ден Кјубрик рече: „Зошто не снимате слетување на месечев автобус?“ Се движев нагоре.

Во тие денови немаше компјутерски генерирани ефекти. Сè мораше да се случи пред камера. Бидејќи филмот е снимен на 70 мм Синерама и ќе се игра на екрани кои би можеле да бидат широки 30 метри, секоја неправилност ќе се види. Така, контролата на квалитетот беше најважна во умот на Кјубрик, но беше скапа и одземаше време. Тој беше генијалец, но дури и тој беше точно на својата граница. Тој побара од ИБМ да направи алгоритам за да помогне во процесот на продукцијата. Тие  анализираа две недели и рекоа: „Нема шанси, Стенли. Премногу работи се менуваат секој ден“.

Психоделичната секвенца на крајот, кога Кир Далија изгледа дека преминува во друга димензија

За психоделичната секвенца на крајот, кога Кир изгледа дека преминува во друга димензија, моравме да измислиме сосема нов тип на камера: Slit Scan, џиновска машина речиси 6×9 метри. Работеше 24 часа на ден, фотографирајќи уметнички дела високи 4,5 метри, со позадинско осветлување и полн со дезени и обоени гелови. Тие беа претворени во контролирани замаглувања – како на пример, ако ја оставите блендата на фотоапаратот отворена додека снимате автомобили навечер, ќе добиете ленти на светлина. На еден кадар од филмот му беа потребни четири минути за да се произведе, така што секвенцата на Stargate одзеде месеци и месеци.

Бев ангажиран девет месеци, но тоа се продолжи на две и пол години. Периодично, студиото се вознемируваше при сите одложувања, но Кјубрик направи маестрална работа за да ја заштити екипата од притисоците. Сепак, некој конечно инсистираше да го испорача филмот и моравме да го завршиме.

Некои од екипата сакаа минијатурите и сетовите да бидат дел од патувачко шоу, но Кјубрик не сакаше да се открие мистеријата за тоа како беше снимен. Еден наставник ја подучувал својата ќерка и тој му платил со вселенското летало Aries 1B. Семејството на момчето неодамна го откри и ѝ го продаде на Академијата. Орбитирачката вселенска станица заврши во депонија во Стивенејџ. Немам поим зошто.