Како е да се бориш и со ебола и со корона вирус во исто време?


Конго подолг период се бори со еболата во која загинаа илјадници луѓе за повеќе од 18 месеци, а сега мора да се соочи и со нова мака: пандемијата на коронавирус.

Тие на истокот од земјата што преживеаја од еболата се уморни и уплашени, а властите откако почнаа да најавуваат  крај на епидемијата, се појави нов случај. Сега, тие сега ќе мора да се справуваат со двете закани одеднаш.

Новиот вирус ги преплави и собори некои од најдобрите  болнички системи во Европа и го парализира Њујорк. Во Конго, корона вирусот би можел да се прошири неконтролирано во земјата која помина неколку децении во конфликти, каде корупцијата го остави населението главно осиромашено и покрај минералното богатство, и каде недовербата кон авторитетите е толку вкоренета што здравствените работници се убиваа за време на избувнувањето на еболата. Исто така, не е јасно колку ќе има  меѓународна поддршка за земјата во време кога целиот свет се бори со коронавирусот.

„Чувствувам дека надоаѓа голема бура“, рече Мартин Милдонд, која работи со групата за помош „Ворлд визија“ во Бени, каде е епицентарот на појавата на ебола.

„Навистина, ова е криза во рамките на криза. Заедницата страда од небезбедност и од ебола, а сега можеби ќе треба да се соочи со КОВИД-19 “.

На почетокот на март,  пациентот со ебола, за кој многумина се надеваа дека ќе биде последен, беше испуштен од болницата, ​​а крајот на епидемијата требаше да биде официјално прогласен во текот на неделата. Но, Светската здравствена организација во петокот објави нов случај во Бени.

Избувнувањето на еболата во оваа земја однесе повеќе од 2.260 животи од август 2018 година – втор најголем трагичен биланс во светот досега, по избувнувањето на епдемијата во 2014-2016 година во Западна Африка. Сепак, постои надеж. Многу од алатките што се користат за борба против еболата – миењето раце и главно социјалната дистанца – се исто така клучни за борбата против коронавирусот.

 

Во Бени, кој објави два случаи на коронавирус, „ се надеваат дека ќе ја надминат оваа пандемија како што работеа за да ја надминат еболата“, рече Милдонд. „Тие сметаат на претпазливоста и на хигиенските практики што ги стекнале досега за да ги спасат своите семејства“.

Застапниците на заедницата во Бени – кои шетаат со мегафони и предупредуваат за еболата – почнаа да вклучуваат и предупредувања за коронавирусот. Во пораките го објаснуваат КОВИД-19, какви симптоми болеста предизвикана од вирусот и каде да се оди ако се прошират, а тие пораки ги упатуваат и преку радиостаниците, преку многу текстуални пораки и преку верските водачи. Училиштата, црквите и џамиите се веќе „вооружени“ со комплети за миење раце.

Градоначалникот на Бени, Ниони Бванвава, вели дека многу од мерките ќе бидат запознаени – но препораките да се остане дома се построги од оние што се потребни за ебола, а официјалните лица се подготвени да преземат „драматични мерки“ ако луѓето се спротивстават.

За разлика од еболата, која убива околу половина од луѓето што се инфицираат, новиот коронавирус предизвикува претежно благи или умерени симптоми кај околу 80 отсто од луѓето. Ширењето на еболата обично бара размена на телесни течности, а луѓето честопати биле заразени кога се грижат за најблиските или тагуваат во традиционални погреби кои вклучуваат близок контакт со телото. Спротивно на тоа, новиот коронавирус е далеку позаразен и претежно распространет од кашлање или кивање.

Тоа значи дека контролата на ширењето на вирусот во Конго ќе биде масовна: Владата има само ограничена контрола во делови од огромната земја, има и некои густи центри на население со лоша канализација и инфраструктура, а истокот богат со минерали е сцена на насилство од разни вооружени групи.

Првично, напорите за контрола на еболате беа исполнети со отпор, што најмногу придонесе за неговото ширење. Среде епидемијата на истокот на земјата се појавија суеверија, а некои клиники за лекување на пациенти со ебола беа нападнати и убиени здравствените работници.

Главниот град Киншаса, густо населен со 14 милиони жители, кој се наоѓа на западната граница на земјата, преставува уште една голема грижа, бидејќи според проценките на експертите на СЗО на теренот, ако стигне болеста тука, ќе биде голема катастрофа. Според нив, Африка само делумно е подготвена за корона вирусот и може да се справи само со спорадични случаи. Според последните податоци пак, речиси сите африкански држави имаат случаи на корона вирус во моментов.

Во време кога и развиените земји не можат да се справат со големиот број заразени, вква епидемија во Конго може лесно да го собори тамошниот болнички систем. Недостасува напредна опрема за справување со тешкото респираторно заболување, што го предизвикува коронавирус. Министерството за здравство соопшти дека има околу 65 вентилатори – сите во Киншаса – и уште 20 се нарачани за земја со повеќе од 80 милиони луѓе. А во моментов има 215 потврдени случаи на коронавирус во Конго, со 20 смртни случаи, соопшти Министерството во петокот.

И здравствените работници, исто така, ќе треба да најдат начин да продолжат да ги лекуваат луѓето заразени со многу други болести кои редовно го мачат населението. Во текот на изминатата година, на пример, од појава на сипаници загинаа повеќе од 6.000 луѓе во Конго.

Покрај тоа, бидејќи донаторските земји се справуваат со епидемии, помошта од странство би можела да биде помалку веројатна. Клучот е во обука на повеќе луѓе локално да се грижат за болните.

Катунго Метија (53),  доброволец на Црвениот крст во Бени, укажува на замореноста на многумина.

„Многу е вознемирувачко да се има оваа втора болест. Загубивме толку многу луѓе од ебола, многу смртни случаи, а сега оваа корона “, рече таа.

„Сите навистина се плашат“, вели Метија.