Како да направите палачинки без брашно
Палачинките се совршен избор кога сакате нешто слатко или солено, а еве како да ги направите без брашно.
Палачинките се ефтин деликатес кој се подготвува насекаде низ светот, а состојките секој ги има секогаш дома. Денес, постојат куќички за палачинки кои го прават овој деликатес со широк спектар на придружни јадења, а може да се јаде и солено или слатко. Секој знае како да ги направи, но има и трикови кои ќе ви помогнат секогаш да испаднат совршено. Денеска ви носиме уште еден одличен совет, а тоа е да направите палачинки без брашно.
Тоа обично значи користење овесна каша или банани, но доколку не сакате да експериментирате, наш предлог е брашното да го замените со гриз.
Освен што палачинките со гриз се повкусни од оние со брашно, ќе бидат и покрцкави.
Состојки:
2 јајца
250 гр гриз
1 чаша млеко
2 лажици шеќер
прстофат сол
1 лажичка сода бикарбона
Подготовка:
Во сад изматете ги јајцата со шеќерот, па истурете млеко и сол. Додадете гриз и сè убаво измешајте со миксер. Покријте со проѕирна фолија и оставете го да отстои половина час во фрижидер. Потоа во смесата истурете сода бикарбона и измешајте. Пржете ги палачинките како и обично.