Како беше на Винскиот саем во Белград (Галерија)
Денешниот почеток на саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград беше вистински регионален настан. Тој собра околу 400 изложувачи, вклучително и 40 дестилерии, од 22 земји од регионот, ЕУ, но и Австралија, Аргентина, Чиле, Јужна Африка и САД. Од трите земји на Отворениот Балкан им 235 винарии. Саемот го отворија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, а присуствуваше и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Новинарска екипа на „Независен“ е присутна на овој значаен настан, кој може да овозможи многу трговски договори за во иднина. Погледнете ја галеријата фотографии за она што се случуваше денеска во Белград низ окото на апаратот на нашиот фоторепортер Борис Грданоски.



















