Кај Одеса копале ровови, нашле антички амфори
Војниците на 126-та посебна бригада на територијалната одбрана на Одеса дошле до неочекувано откритие за време на фортификациските работи – голем број амфори, антички садови кои се користеле за транспорт на течност.
Тимот го пријавил тоа на својата Фејсбук страница и, според раните истражувања, амфорите биле направени помеѓу четвртиот и петтиот век п.н.е.
Војниците им ги предадоа амфорите на персоналот во Археолошкиот музеј Одеса на Националната академија на науките на Украина, кој вети дека ќе ги додаде во колекцијата на музејот.