Кадиров ги праќа малолетните синови во војна во Украина
Руската новинска агенција РИА Новости јави дека чеченскиот лидер и сојузник на Владимир Путин, Рамазан Кадиров рекол дека неговите три малолетни синови ќе одат во борба во Украина.
„Малолетноста не би требало да смета во обуката на бранителите на нашата таковина. Ахмет, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Но, нивната воена обука ја почнаа одамна. Од мали нозе. И не се шегувам. Време е да се покажат во вистинска борба, а нивната желба само ја поздравувам. Наскоро ќе излеат на првата борбена линија и ќе бидат на најтешките делници“, вели Кадиров.