Јордан, САД, Франција и Египет од воздух ја испуштија досега најголемата помош за Газа


Јордан денеска соопшти дека во соработка со САД, Франција и Египет го извршиле најголемото авионско испорачување храна и хуманитарна помош во Појасот Газа. 

Во операцијата учествувале три авиона на јорданските вооружени сили, три американски авиона, еден египетски и еден француски авион.

Помошта е фрлена на северот од Газа, а јорданските вооружени сили соопштија дека пакетите со помош на Светската програма за храна (WFP) биле прикачени на падобрани.

Јордан уште од ноември по воздушен пат испорачува храна и залихи во Газа, а од неодамна и други земји почнаа да се приклучуваат на овие операции.