Јемен: Загинаа три деца во ракетирање училиште
Бунтовничките сили Хути во јемен, денеска фрлија ракета на училиште во регионот Таиз во која се сместени провладините сили.
Убиени се 15 војници, како и три деца кои биле во близина.
Жителите за Ројтерс велат дека децата, двајца браќа и нивни роднина, се наоѓале на тоа подрачје коха проектолот го погодил училиштето во округот Када на западот на губернијата Таиз.
ДВа воени зивори велат дека убиени се 15 војници.
Наведоа дека училиптето порано го користеле Хутите и дека е преземено откако провладините борци минатата недела го зазедоа Каду.
Во спорниот Таиз на југозападот на Јемен неодамна ескалираа борби меѓу борците лојални на меѓународно признатата Влада и движењето Хути кои се симнаа од власт во главниот град Сана во 2014 годна.
Силите на меѓунардно признатата власт минатата недела успеаја да ја одземат територијата од бунтовниците Хути, пренесе АП.
Повеќе од 40 борци од двете страни се убиени во повеќедневните судири во Хаџа и Таиз во изминатите 24 часа, главно Хути, а повеќе од 100 луѓе се ранети.