Јелен: Високите приноси на обврзниците се знак на закрепнување, а не на инфлација
Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен, во петокот изјави дека повисоките приноси на долгорочните државни средства се знак дека учесниците на пазарот очекуваат посилно закрепнување, а не зголемена загриженост за инфлацијата.
„Не гледам дека пазарите очекуваат инфлацијата да се искачи над целната стапка од 2 отсто која што ФЕД ја има како просечна стапка на долгорочна инфлација“, рече Јелен во интервју за PBS Newshour.
Таа додаде дека на САД им треба побрз раст на работните места отколку што беше забележано во текот на февруари, но може да постигнат целосно вработување до следната година со воспоставениотт план за поттик на претседателот Џо Бајден од 1,9 билиони долари.
Во последниве недели, се зголемува стравот од инфлација на пазарите. Некои аналитичари сметаат дека инфлацијата е неизбежна, но сепак краткотрајна.