ЈАР: Новороденче, старо само два дена, почина од корона вирус

Бебе старо само два дена почина од корона вирус во Јужноафриканската Реублика. Тоа е најмладата жртва од Ковид-19.
Мајката била позитивно тестирана на Ковид-19, а бебето кое е родено предвремено имало исти резултати.
По раѓањето бебето имало проблеми со дишењето, рече министерот за здравство.
Во последните 24 часа во ЈАР, меѓу 27-те жртви има и двегодишно дете.
Во оваа африканска земја до сега починаа 339 луѓе, а бројот на потврдени случаи од заразата достигна 18.000.
ЈАР воведе најрестриктивни вонредни мерки на светот, меѓу кои и забрана за цигари и алкохол, а сега попушта со некои рестрикции.
Меѓу останатите млади жртви на корона вирусот е и бебе старо три дена кое почина на 5 мај во Велика Британија. Во тој случај мајката и детето позитивно беа тестирани по породувањето.