Јапонски ресторан во главниот град на Перу прогласен за најдобар во светот во 2025

Наградите, кои често се нарекуваат „Оскари на иновативната гастрономија“, беа доделени на свечена церемонија во Торино, Италија. Maido, сопственост на готвачот Мичухару „Миче“ Комура, е познат по Nikkei кујната – уникатна фузија на јапонска техника и перуански состојки, што резултира со оброци кои се културно богати, модерни и незаборавни.
„Гастрономијата има моќ да остварува соништа“, изјави Комура.
Топ 10 ресторани во светот за 2025:
- Maido – Лима, Перу
- Asador Etxebarri – Ачондо, Шпанија
- Quintonil – Мексико Сити, Мексико
- Diverxo – Мадрид, Шпанија
- Alchemist – Копенхаген, Данска
- Gaggan – Бангкок, Тајланд
- Sézanne – Токио, Јапонија
- Table by Bruno Verjus – Париз, Франција
- Kjolle – Лима, Перу
- Don Julio – Буенос Ајрес, Аргентина
Листата вклучува и ресторани од:
- Јапонија (4 ресторани)
- Тајланд (4 ресторани)
- Франција (3 ресторани)
- Италија (5 ресторани)
- Шпанија (4 ресторани)
- САД, Аргентина, Колумбија, Мексико, Португалија, Обединетите Арапски Емирати, ЈужнаКореја, Австрија, Данска, Шведска, Чиле, Сингапур, Германија, Велика Британија