Јапонска компанија ја прекинува соработката со израелски производител на оружје
Јапонската авијација „Иточу Авијација“ (Itochu Aviation) ќе ја прекине својата стратешка соработка со израелскиот производител на оружје „Елбит Системс“ (Elbit Systems), соопшти финансискиот директор на компанијата укажувајќи на наредбата на Меѓународниот суд на правдата до Израел да го спречи геноцидот врз Палестинците.
Иточу планира да ја прекине соработката откако Меѓународниот суд на правдата на ОН во јануари побара од Израел да ги спречи актите на геноцид врз Палестинците и да вложи повеќе напори за да им помогне на цивилите, рече главниот финансиски директор на компанијата Иточу, Цујоши Хачимура.
– Партнерството се заснова на барањето на јапонското Министерство за одбрана да увезе одбранбена опрема за одбранбените сили, неопходна за безбедноста на Јапонија, и на ниту еден начин не е поврзано со актуелниот конфликт меѓу Израел и Палестина, нагласи Хачимура на прес-конференција за деловните резултати на компанијата.
Itochu Aviation, Elbit Systems и Nippon Aircraft Supply (NAS) потпишаа меморандум за стратешка соработка во март 2023 година, седум месеци пред почетокот на конфликтот во Појасот Газа.