Јадете полека, одите брзо, силно се ракувате: Што открива тоа за вас?
Навиките откриваат многу аспекти на личноста и однесувањето, дознајте кои од нив. Како што популарно се вели „убавината привлекува, но карактерот задржува“. И навистина, личноста е најважна работа, а некои од нашите секојдневни особини можат да ни го откријат карактерот.
Одење
Луѓето кои правилно ја држат кичмата и брзо одат се самоуверени, друштвени и харизматични. Но, тоа важи и за луѓето кои уживаат да бидат во центарот на вниманието.
Ракување
Пандемијата на коронавирус го сврте светот наопаку, а обичајот на ракување целосно исчезна, за да се зачува здравјето. Допирот со раката го замени допирот со лактот.
Според една студија од 2003 година, луѓето кои имаат поцврсто ракување се оптимисти и поекстровертни. Од друга страна, лесното ракување ја издава несигурноста и стравот.
Како јадеме
Студија од 2002 година покажа дека самоуверените луѓе јадат бавно. Едноставно уживаат во залаците, и секогаш остануваат најдолго на масата.
Од друга страна, луѓето кои брзо јадат често се амбициозни и каприциозни.
Однесување на Интернет
Во денешно време, Интернетот е дел од нашите животи. Комуникацијата меѓу младите се пресели на социјалните мрежи, па и однесувањето на луѓето многу се промени.
Сепак, стилот и содржината на нашата интернет комуникација навистина може да откријат нешто за нашата личност. На пример, луѓето кои пишуваат подолги мејлови и пораки на социјалните мрежи се перфекционисти и внимаваат на деталите. Исто така, другите често ги гледаат како луѓе со барања.