Ја знаете ли легендата за Црвеното Езеро во Хрватска, каде не може да се фрли камен


 

Црвеното Езеро во близина на Имотски во Хрватска е место кое туристите често го посетуваат, а за него е врзана и интересна легенда.

Како што се наведува, на ова пордачје некојаш одамна живеел богаташ Фаван, кој изградил дворци. Живеел во изобилство и никогаш не помагал на сиромшаните. Таква била и неговата сопруга Гавануша. Еден ден одлучиле да направат голема гозба за своите пријатели.

Тогаш се појавил ангел во лик на сиромашен човек и барал малку леб за своите гладни деца. Гаван се налутил што му пречат, а неговите синови им наредиле на бесните кучиња да ги растргнат. Но, сепак, Гавануша се сожалила, но само затоа што била трудна и се плашела да не ја стигне клетва. „Земи гладнику, и заблагодари се на нашата издашливост“, рекла и му дала парче леб.

Ангелот го зел, го бакнал и го дал на децата. Потоа повторно ѝ се обратил: „Дај ми, госпоѓо, на патот божји и капка вода да ја изгасам исушената уста и устите на овие деца, а тебе Бог ќе ти даде честитост и на твојот пород и имотот„.

Гавануша тргнала со нога да го удри сиромашниот велејќи му: „Што ќе ми е мене твојот Бог, јас си го имам мојот Гаван?“, пренесува visitmota.com.

Ангелот се разлутил, зел огнен меч, го распарал небото со светлина, ги проколнал и одлетал во небото. Се слушнале молњи, се отворила земјата, па пропаднале сите, Гаван, Гавануша, нивните деца и гости. Така, наводно, настанало Црвеното Езеро.

Жителите тврдат дека во него невозможно е да се фрли камен токму поради наведената легенда. Но, научниците сметаат дека струењето над езерото е толку силно, што просто каменто не може да пропадне.

Хрватскиот спелеолошки сојуз во 1998 година измерил длабочина од 287 метри на ова езеро. Според некои податоци, Црвеното Езеро може да биде најдлабоко во Европа.