Jавна расправа во Собранието за еднородителските семејства
Јавната расправа се организира во соработка со Клубот на пратенички, а е на иницијатива на Граѓанската организација за еднородителски семејства „Една може“ од Скопје.
Покрај членовите на собраниската Комисија, на јавната расправа се очекува да присуствуваат и претставници од Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа, Агенцијата за вработување, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, координаториските за еднакви можности на министерствата, градоначалници и претставници од невладини организации.