Извршители тропнаа во ВМРО-ДПМНЕ, тие велат Заев да си погледне во неговиот двор


Фото: Б. Грданоски

„Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ  поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотиви на поранешното раководство на партијата, кое го држеше народот во сиромаштија, за време на 11-годишниот режим. Токму тогаш, додека партијата на Мицкоски се богатеше, голем број граѓани се соочија со извршителите, тонеа во долгови додека ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеше парите од Буџетот. Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е способно да менаџира со средствата и да си ги плати долговите. Па како, со кој образ губитникот Мицкоски бара доверба од граѓаните, бара пристап до народните пари, кога не може домаќински да ја води ни својата партија?

На врата му тропаат извршители, а сметките му се блокирани. Како Мицкоски може да води држава, да бара власт кога успеа најбогата партија во Европа да ја доведе до стечај? Граѓаните одамна се свесни за расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа не им дозволуваат да ја водат државата, затоа Мицкоски ќе си остане во опозиција“, соопшти СДСМ.

Сумата која партијата треба да ја плати ВМРО-ДПМНЕ  засега е непозната, а долгот е од времето на поранешното раководство на чело со претседателот Никола Груевски.

 

Сликите беа поставени по изградбата на новото партиско седиште, кое е луксузно опремено. Фирмата која ја блокирала сметката, досега од партијата не ја открија.

Оттаму само ја потврдуваат информацијата за долгот и напоменуваат дека тој е од пред неколку години.