Израелските војници со булдожер урнаа споменик на Јасер Арафат во Западниот Брег


Булдожер на израелската војска ИДФ денеска го урна  споменикот на починатиот претседател на ПЛО, Јасер Арафат, на влезот од бегалскиот камп Тулкарем на Западниот Брег.

Засега не се наведува непосредната причина за уништувањето на споменикот, јави „Тајмс од Израел“.