Израелската армија прогласи четири области на северот за „затворена воена зона“
Израелската армија попладнево прогласи четири области за „затворена воена зона“ во северозападниот дел на државата, по претходниот повик за евакуација на блиското либанско крајбрежје.
„По проценка на ситуацијата, областите Рош Ханикра, Шломи, Ханита и Арап ал-Арамше во северниот дел на Израел од денеска во 22 часот (по локално време) ќе бидат прогласени за затворена воена зона. Влезот во тие области е забранет“, соопшти армијата.