Израелка со бомба сакала да го разнесе Нетанјаху

Постара жена од централен Израел е уапсена под сомнение дека планирала убиство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави во среда израелската јавна телевизија КАН.
Жената е осомничена за планирање напад врз премиерот со употреба на импровизирана експлозивна направа. Таа беше уапсена пред две недели и ослободена под услов да биде отстранета од владините институции и од премиерот.
Според порталот, против неа во четврток ќе биде покренато обвинение за заговор за извршување кривично дело и заговор за извршување терористички акт.