Израел со обвинувања кон Русија заради попречување цивилни авиони


Израелските власти ја обвинија Русија дека е одговорна за необјаснето попречување на системите за сателитска навигација за цивилни авиони што летаат околу меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив.

Руската амбасада во Израел ги отфрли таквите обвинувања како „лажни вести”, наведувајќи дека „не можат сериозно да одговорат”.

„Досега нема несреќа или безбедносен инцидент, но попречувањето има значително влијание врз сите аспекти на управување со авион, почнувајќи од пилотската кабина како и на контролата на лет”, соопшти израелската Управа за аеродроми.

Според израелски анонимни извори, попречувањето потекнува од Сирија и со него се бранат воени авиони во базата Кмеимим. Израелската армија одби јавно да го коментира извоирот на попречување, но наведе дека нема влијание врз нивните активности.