Израел ги заострува мерките против корона вирусот


Во Израел, во средата стапија на сила новите ограничувања за субивање на ширењето на корона вирус, откако премиерот ги повика граѓаните да се вакцинираат, и откако е забележан најголем број заразени со корона вирус почувајќи од јануари.

Мерките подразбираат потврда за вакцинација или негативни тестови на корона вирус за влез во повеќето затворени простори, како ресторани и барови, културни и спортски места, хотели и теретани.

Истото се однесува и на верниците кои сакаат да влезат во синагоги, џамии или цркви каде има повеќе од 50 луѓе.

Капацитетот на продавниците, трговските центри и индустриските паркови исто така е ограничен на едно лице на седум квадратни метри.

Откако започна вакцинацијата во Израел во декември лани, бројот на инфекции и нови случаи драстично се намали.

Според Министерството за здравство, повеќе од 78 отсто од приближно 9,3 милиони жители на Израел примија две дози вакцини против корона вирусот на производителот „Фајзер/Бионтек“.

Но, бројот на нови случаи повторно расте, предизвикано од ширењето на позаразната делта варијанта на вирусот, а ограничувањата кои во јуни беа укинати повторно се на сила од вчера.

Според министерот за здравство, повеќе од 8.700 луѓе во вторникот биле позитивни на корона вирус, што е најголем број во еден ден од јануари годинава.