Изминатиот месец беше најтоплиот јуни во историјата


Изминатиот месец беше најтоплиот јуни на сите времиња во светот, соопшти денеска службата на Европската унија Коперникус, која ги следи климатските промени.

Според Коперникус, просечната температура во јуни во светот била 0,1 степен повисока од досегашниот рекорден јуни во 2016 година. Температурата во јуни најмногу се зголемила во Европа, и тоа за два степени повеќе од просекот.

Топлотниот бран кој почна минатата недела донесе рекордни температури во многу држави. Во Франција, северна Шпанија, Италија и Германија минатата недела температурите беа за десетина степени повисоки од вообичаен, посочи Коперникус.