Изгоре селото во Канада што три дена уриваше температурни рекорди


Литон, мало село во канадската провинција Британска Колумбија, во последните три дена по ред уриваше температурни рекорди во историјата на мерење во Канада, а 49,6 степени Целзиусови беа измерени во вторникот.

Во средата приквечер началникто на тоа мало планинско село од 250 жители мораше да издаде наредба за евакуација поради експлозивен пожар кој се приближуваше.

„Го нема повеќе нашето мало место Литон“

Пожарот наскоро го дофати и го проголта Литон. Локалниот канадски парламентарец Бред Вис соопшти дека дури 90 отсто од селото изголере во пожарот, пренесе Би-би-си. Началникот на оштината, Јан Полдерман, рече дека имал среќа што извлекол жива глава.

„Во рок од 15 минути целиот град го зафати пламен. Од Литон нема да остане ништо. Огнот беше насекаде“, додаде тој.

„Нашето јадно мало место Литон го нема повеќе! Ова е така поразително – сите сме во шок! Членовите на нашата заедница изгубија се“,напиша на Фејсбук една жителка по име Едит Лоринг Куанга.

Опстинската советничка Лилиен Греи соопшти дека повеќето жители избегале од пожарот „само по она што го имале на себе“ и дека штетата која ја направи пожарот е катастрофална пренесе Вашингтон пост.

„Плачев. Мојата ќерка плачеше. Ни сама не знам зошто го зграбив својот клуч. Можеби повеќе немаме дом. Да, знам, реков, додека сме заедно, ќе преживееме, Само се молам куќите да нѝ се во ред“, раскажува Џин Меккеј, која со семејството морала да побегне во Заедницата на први нации, пренесе Си-би-си.

Двајца постари настрадаа во пожарот, по некои се трага

За жал, не се спасија сите жители на Литон. Џеф Чапман потврди за Национал пост, дека неговите родители настрадале во пожарот.

Тие се скриле во дупка во земјата покрај куќата кога таа почнала да гори. Нивниот син некако успеал да избега од куќата. Вели дека се се случило неверојатно брзо – подготвувале скара во дворот, кога виделе дека чад се извива околу селото, а само неколку моменти подоцна и оган.

Се треага по жители на Литон кои во меѓувреме не се пријавиле во прифатните центри. За жал, можно е бројот на мртви да е поголем.

Литон и инаку има назив „жешка точка на Канада“, но температурата никогаш не била олку висока

Литон е сместен на 50 степени северна ширина – речиси исто како Лондон. Но, глобалното затоплување веројатно има врска со рекордниот топлински бран кој минатите денови ја зафати западна Канада и северозападниот дел, а во помала мерка и истокот на САД, Британска Колумбија која и инаку е подложна на летни горештини, нетипични за таа географска ширина, поради специфичните географско-климатски услови.

Литон, село во планинската долина на реката Фрејзер, го носи и мето „Жешка точка на Канада“ поради високите температури кои достигнуваат четно време, но никогаш како ова лето. Последниот рекорд изнесуваше 44,4 степени, дамнешната 1941 година.

Глобалното загревање, имено, посебно е изразено во планинските подрачја, каде температурите растат побрзо од другите места. Кога снегот и мразот ќе се повлечат или исчезнат од планините, голото тло одоздола може непречено да се загрева. Студија од 2015 година откри дека планинските подрачја над 2.000 метри надморска висина се загреваат за 75% побрзо од ниските места.

Стотици смртни случаи со екстремни жештини

Потоплите планини, со огромни суши кои ги мачат сега северните предели на Америка, со најраспространетите екстремни суши некогаш забележани, придонесоа за „топлинска купола“ на висок притисок, кога овој месец се прошири над западна Канада.

Сувиот, слегувачки воздух брзо се спушта по планинските падини кон океанот и ствара своевиде експрес-лонец притисок, што доведува до рекордни температури. А тој ефект е поизразен во планинските долини, како онаа во која се наоѓа Литон.

Во Британска Колумбија, но и во американските сојузни држави Орегон и Вашинготн, забележани се стотици изненадни смртни случаи, кои се поврзуваат со овие екстремни топлински бранови, соопштија локалните функционери оваа недела.

Лиза Лапоинт, главна докторка во судска медицина на Британска Колумбија изјави дека меѓу петокот и средата забележани се 486 изненадни смртни случаи и дека верува оти тие се резултат на екстремните жештини, пренесе Си-ен-би си.