Избори во Бугарија: Ахмед Доган гласал придружуван од најмалку шест телохранители


Почесниот претседател на бугарската партија на Турците, ДПС, Ахмед Доган ја следеше традицијата на предвремено гласање и околу 7:45 часот гласаше во  училиште во Бојана. Тој избра да гласа со хартиени ливчиња.

Доган дошол на гласачкото место со два автомобили и на самото гласање бил придружуван од телохранителите, кои биле повеќе од шест. Еден од чуварите не дозволувал други лица да влезат во гласачката сала додека не излезе Ахмед Доган. 

Тој не гледа трајно решение за политичката криза во земјава. На прашањето дали копретседателот на ДПС – Дељан Пееевски може да биде премиер, тој уверливо одмавна со главата и одговори „Не, не“.

Во текот на кампањата, копретседателот на „Промените продолжуваат“ Асен Василев зборуваше за формулата „Пеевски – премиер и Борисов – претседател“. Тој рече дека за овој план дознал од самиот Пеевски во март. во приватен разговор. Пред гласачите во Карџали, самиот Пеевски рече дека ДПС ќе одлучи кој може да владее, кој да биде премиер, кој да биде министер.

Бугарија денес гласа за европски и бугарски пратеници. Главната тема, покрај очекуваната победа на ГЕРБ, е дали таа ќе формира влада  со ДПС и дали конконтроверзниот политичар Дељан Пеевски од ДПС ќе стане премиер или не.   

-На парламентарните избори гласав  да продолжат реформите и Бугарија да оди напред, а не да се враќа назад и на исток. За Европскиот парламент гласав за луѓе од кои нема да се срамиме. Накратко, гласав да не се остави Бугарија во рацете на Пеевски, изјави  Христо Иванов, копретседател на „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“.

Тој појасни дека по изборите неговата коалиција воопшто нема да зборува со ДПС за можна заедничка влада.  Според Христо Иванов, можни се нови избори наесен, но мора да се направи се за да се избегнат. Тој ги повика луѓето да излезат и да гласаат, бидејќи денеска се решава нивната судбина: „ Тоа што не им се допаѓа во бугарската политика, ќе го добијат двапати ако останат дома“.

„Луѓето заслужуваат нов почеток. Време е да се направи стабилна влада за да нема толку избори. Ова го попречува нормалното функционирање на државата“, изјави копретседателот на ДПС Дељан Пеевски по денешното гласање.

Тој посочи дека се надевам дека денеска народот ќе гласа за нов почеток на Бугарија, а по изборите ќе има понизност кај политичарите.

Бугарските граѓани денеска избираат 240 пратеници во 50-от состав на Народно собрание, како и 17 пратеници кои ќе ги претставуваат во Европскиот парламент.

Ова се шести парламентарни избори во Бугарија во последните три години, но аналитичарите велат дека е малку веројатно од изборите да произлезе стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност и да ги деблокира економските реформи.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека и овој пат нити една партија нема да освои мнозинство.

Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време, а затвораат во 20 часот. Излезните анкети треба да бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места. Првите делумни резултати се очекуваат околу полноќ.

Денешното гласањето беше предизвикано од падот на владејачката коалиција во март, која се состоеше од централно-десничарската партија ГЕРБ и реформистичката партија Продолжуваме со промените (ПП). Според последната анкета на Галуп, објавена во петокот од новинската агенција БТА, ГЕРБ е во водство со 25,9 отсто од гласовите, а по неа следат три партии во тесна трка за второто место. ј