Изборен пораз на коалицијата на Шолц, десничарската АфД стана втора сила во Германија
Коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент. Социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа најлош изборен резултат досега – 14%, а послаби резултати имаат и коалициските партнери Зелените со 12-12,5% поддршка, и Либералите со само 5% освоени гласови.
Излезните анкети во Германија покажуваат дека опозицискиот централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ има убедливо водство на изборите за Европскиот парламент, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е на второто место, јави ДПА. Ако резултатот остане, тоа ќе се смета за голем успех за партијата која беше опкружена со скандали во последниве месеци со обвинувања за шпионажа и корупција. Низ Европа, екстремно десничарските, националистичките и популистичките партии се проектираат да постигнат значителни придобивки.
Анкетите јавните радиодифузери ЗДФ и АРД, објавени веднаш по затворањето на гласачките места во Германија, покажуваат дека блокот ЦДУ/ЦСУ освоил меѓу 29,5% и 30%, АфД меѓу 16% и 16,5% од гласовите.Новооснованата популистичка партија Алијанса на Сара Вагенкнехт (БСВ) освоила околу 6% од гласовите.
Повеќе од 1 милион луѓе кои претходно гласаа за владината коалиција, овојпат гласаа за екстремно десничарската АфД, според анкетата за јавниот радиодифузен сервис АРД. АфД одзеде околу 590.000 гласови од претходните социјалдемократски гласачи на СПД, околу 450.000 од ФДП и околу 50.000 од Зелените.
Бројките се уште еден удар за канцеларот Олаф Шолц, кој покрај тоа што го постигна најлошиот резултат на СПД досега на национални избори. Но, резултатите не се розови ниту за опозициската ЦДУ и нивниот лидер Фридрих Мерц. И покрај историски слабите резултати на владината коалиција, се чини дека ЦДУ не освои многу во споредба со 2019 година. АфД, исто така, освои 600.000 гласови од ЦДУ и ЦСУ, според истата анкета.
Со 84,4 милиони жители, Германија е најголемата членка на Европската унија, а нејзините 65 милиони гласачи избираат 96 пратеници во 720 члениот Европскиот парламент.