Хрватите ја имаат најубавата навивачка на Мундијалот во Катар
ОАЕ– Хрватска на Мундијалот во Катар ја има најзгодната навивачка, Ивана Кнол.
Таа навиваше за Хрватска и на Мундијалот во Русија 2018, каде беше интернет сензација, а подоцна беше видена и на стадионите во Бразил во 2014 година.
Ивана Кнол присуствуваше на дебито на Хрватска во Катар, во ремито 0-0 против Мароко на стадионот Ал Бајт и тоа го направи во сензуална облека .
Поради начинот на носење на боите на Хрватска, сензуалната навивачка е препознаена како најсекси навивачка на земјата која ја поддржува, иако е родена во Германија, каде според The Daily Star се родила нејзината љубов кон фудбалот, бидејќи уште од девојче одела со нејзиниот татко на натпреварите.
Навивачката на Хрватска има повеќе од 570.000 следбеници на Инстаграм.