Италија од утре ги заострува мерките, метеж на улиците и продавниците
Сите едидемиолошки податоци покажуваат дека заразата со Ковид-19 се шири низ Италија многу брзо, а последните денови бројот на новозаразени дневно се зголемува за илјадници нови случаи, се истакнува во неделниот извештај на Високиот институт за здравство кој го објави весникот „Фанпејџ“.
Во моментот вкупно заразени во Италија има 520 илјади, од кои во болница се лекуваат повеќе 22 илјади. Во одделенијата за интензивна нега зафатеноста на болничките кревети е над 30 отсто што се смета за критична точка.
Од утре во цела Италија анти-ковид мерките ќе бидат заострени, движењето ограничено, сите продавници освен оние за храна и аптеките, ќе бидат затворени.
Според извештајот, факторот Рт, покжаува колку едно лице заразено со корона вирус може да инфицира други, е 1,6 што укажува дека заразата се шири експоненцијално, а и бројот на заразени на сто илјади жители ја надмина критичната точка од 250.
Според најновиот извештај во еден ден 317 лица починале, па бројот на жртви од почетокот на пандемијата се искачи на 101 илјада.
Викендов пред забраната има големи гужви на улиците и во продавниците.
Во самопослугите има редици, иако продавниците за храна ќе продолжат да работат, а никогаш немало недостаток на производи, дури ни на врвот од заразата.
И на улиците во италијанските градови забележан е метеш, како пред празниците, а забележително е и бројното присуство на полицијата која интервенира на места каде има собрано многу граѓани, повеќе од што дозволуваат мерките.