Истражувaње покажува каде живеат психички најздравите луѓе


Резултатите од најголемото истражување на глобалното ментално здравје објавени се неделава во Сапиен Лебс, непрофитна истражувачка организација која покрена „Mental Health Million Project“ во обид да се следи менталната благосостојба на глобално ниво.

Проектот е спроведен во осум земји од англиско говорно подрачје во 2019 година, а од тогаш се прошири на 223.000 луѓе, во 34 земји.

Вториот годишен извештак за менталната сосотојба нуди преглед на благосостојбата ширум светот во 2021 година, врз основа на одговори на 15-минутна анонимна анкета која е достапна онлајн на англиски, шпански, француски и арапски јазик.

Истражуавњето, познато како Коефициент на менталното здравје (MHQ), го осмислија од Сапиен Лабс, за даразгледаат шест аспекти на вкупната благососотојба: расположение и изглед, социјален идентитет, мотивација, когнитивно размислување, прилагодливост и отпорност како и поврзаност на умот и телото.

MHQ резултатите се движат од -100 до 200, каде позитивните резултати претставуваат „нормален“ распон на функционирање, а негативните резултати укажуваат на можноста за клинички нарушено ментално здравје.

Просечните национални резултати пресметани за извештајот се движеле од 46 или „трајно ментално здравје’, во Јужна Африка, до наионалниот просек на Венецуела од 91, за кое се смета дека е на раб на „успех“ според скалата MHQ.

Најниски просечни резултати на ментално здравје дошле од земјите од англиско говорно подрачје

Осум од 10 земји со најниски просечни резултати на MHQ биле од регионор кој извештајот го нарекува англосаксонска сфера. Од најлошо пријавените резултати на ментално здравје до најдобри, листата оди вака: Јужна Африка, Велика Британија, Австралија, Ирска, Нов Зеланд, канада и САД.

Наспроти тоа, повеќето највиоскои просечни резултати на ментално здравје доаѓаат од Латинска Америка, Шпанија и неколку земји од француско говорно подрачје во Европа и во Африка.

Се покажало дека националните економски покажатели на просперитет, како висок БДП по глава на жител, во корелација со ниски просечни резултати на на ментално здравје за испитаната популација, на големо изненадување на истражувачите.

„Ова е во спротивност со вообичаеното уверување дека националниот економски просперитет значи поголемо друштвена благосостојба, при што би се очекувало овие корелации на бидат позитивни, а не значително негативни“, се наведува во извештајот.

Авторите исто така разгледуваа како културните вредности се разликуваат меѓу земјите. Популацијата која навела дека дава приоритет на работниот учинок и индивидуализмот во анкетите за посебниот проект GLOBE имале тенденција да имаат ниски резултати во поглед на коефициентот на ментално здравје.

Во сите земји, високото образование и вработенсота биле поврзани со повисоки резултати на ментално здравје. Поврзаноста со вработувањето било најсилно во западните земји од англиско говорно подрачје.