Истрага поради изгубени или украдени над 2.000 владини уреди во Велика Британија


Повеќе од 2.000 уреди на британската Влада, вклучувајќи лаптопи и мобилни телефони, се изгубени или украдени во изминатите 12 месеци.

Министрите треба да почнат истрага за исчезнатата и украдената технологија, која вклучува и хард-дискови и УСБ меморија.

Најголем број односно 383 електронски уреди се изгубени или украдени во британското Министерство за одбрана, а потоа следи Министерството за правда каде недостигаат 225 лаптопи и 51 мобилен телефон.