Иста вода за вакцина и за пиво


 

Вакцината против КОвид-19 на копнаијата „Фајзер“ и познатото белгиско пиво „Дувел“ се произведуваат од иста вода, која двете компании ја извлекуваат од ист подземен слој во белгиското гратче Пурс, пренесоа локалните медиуми.

Пурс, гратче во близина на Антверпен во Белгија, стана познато во јавноста откако беше објавено дека таму се наоѓа европското седиште на компанијата „Фајзер“ каде се произведувата вакцините против корона вирусот.

Во непосредна близина на „Фајзер“ во Пуср се наоѓа и фабриката за познатото белгиско пиво „Дувел“, а од локалниот водовод потврдија дека двете компании користат иста вода.

„Дувел“ водата ја извлекува од слој на длабочина од 63 метри, а „Фајзер“ има дозвола за истиот слој на длабочина од 68 метри.

Малку на шега, малку вистина, белгиските медиуми коментираат дека квалитетот на водата е пресуден за вкусот на пивото, додека за вакцина неопходно е водата да биде „ултра чиста“.