Ирански дипломат осуден на 20 години затвор во Белгија
Белгискиот суд во Антверпен го осуди иранскиот дипломат на дваесет години затворска казна поради терористичко планирање.
Дипломатот познат само како Асадолах А. планирал да изврши терористички атентат во Франција во 2018, за време на собир на демонстранти, опозиционери на иранскиот режим.
Три други лица се осудени на осумнаесет години затвор.