„Инстаграм“ го блокира профилот на Роберт Ф. Кенеди


 

„Инстаграм“ го блокира налогот на Роберт Ф. Кенеди Јуниор, синот на покојниот американски сенатор и претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди, поради ширење контроверзна кампања против вакцинацијата по пат на оваа друштвена мрежа.

„Го тргнавме овој налог поради зачестеното делење лажни информации за корона вирусот и вакцините“, рече портпаролот на „Фејсбук“, во чија сопственост е и „Инстаграм“.

Роберт Ф. Кенеди Јуниор во неколку наврати јавно говореше против вакцините. Тој лобираше во американскиот Конгрес родителите на децата да се ослободат од задолжителната вакцинација на децата. Но, тој ги минимизира своите ставови велејќи дека се залага за сигурни вакцини, додавајќи дека сите негови деца се вакцинирани.

Неговата „Фејсбук“ страница, со повеќе од 300.000 следбеници, и понатаму е активна. Портпаролот на компанијата вели дека не планираат да ја отсранат и неа засега.

Постапката е една во низата слични со цел да се сопре ширењето дезинформации за вакцините. На почетокот на неделава компанијата објани неколку начини на кои планира да ја унапреди борбата против антиваксерите, што вклучува и блокирање на „ИНстаграм“ нализу кои ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат.