Индијанците умираат двојно побрзо од корона вирусот од белите Американци


 

Американските Индијанци и домородците на Алјаска умираат речиси двојно побрзо од последиците од корона вирус од белите Американци, покажуваат резултатите од анализата на Истражувачката лабораторија АПМ.

Еден од 475 американски домородци умрел од последиците од корона вирус од почетокот на пандемијата, во споредба со еден од 825 бели Американци и еден од 645 Афроамериканци, јави Гардијан.

Кај Индијанците забелеани се 211 смртни случаи на 100 луше, во споредба со 121 смртен случај на 100 илјади кај белите Американци.

Вистинскиот број смртни случаи несомнено е поголем затоа што повеќето држави и градови даваат оскудни податоци за американските домородци и починати од Ковид-19.

Меѓу сојузните држави каде податоците се потполни, најтешо погодени се заедниците во мисисипи, Ново Мексико, Аризона, Монтана, Вајоминг и во Северна и Јужна Дакота.