Илон Маск ќе лансира ривал на „Чет Џи-Пи-Ти“, ќе се вика „Трут Џи-Пи-Ти“

Милијардерот Илон Маск во понеделникот изјави дека ќе лансира платформа за вештачка интелигенција (AI) што ја нарекува „Трут Џи-Пи-Ти“ („TruthGPT“) за да ги оспори понудите на „Мајкрософт“ и на „Гугл“. (Truth на англиски значи вистина, заб.)
Тој го критикуваше „Оупен Еј-Ај“ (OpenAI) поддржан од „Мајкрософт“, фирмата зад сензацијата за чет-ботови „Чет Џи-Пи-Ти“, дека „ја обучува вештачката интелигенција да лаже“ и рече дека OpenAI сега стана „затворен извор“, „профитна“ организација „близок сојузник со Мајкрософт“.
Тој, исто така, го обвини Лери Пејџ, ко-основачот на „Гугл“ , дека не ја сфаќа сериозно безбедноста на вештачката интелигенција.
„Ќе започнам нешто што го нарекувам ‘TruthGPT’, или вештачка интелигенција која максимално ја бара вистината која се обидува да ја разбере природата на универзумот“, рече Маск во интервјуто за Такер Карлсон на каналот „Фокс Њуз“, емитувано во понеделникот.
Тој рече дека „TruthGPT“ „можеби е најдобриот пат до безбедноста“ што „не е веројатно дека ќе ги уништи луѓето“.
„Едноставно почнува доцна. Но, ќе се обидам да создадам трета опција“, рече Маск.
Маск, OpenAI, „Мајкрософт“ и Пејџ не одговорија веднаш на барањата на Ројтерс за коментар.
Маск ги ловеше истражувачите на вештачката интелигенција од „Гугл“ на „Алфабет“ за да лансира стартап конкурент на OpenAI, изјавија за Ројтерс луѓе запознаени со ова прашање.
Маск минатиот месец регистрираше фирма по име X.AI Corp, во Невада, според државната пријава. Фирмата го наведе Маск како единствен директор и Џеред Бирчал, управниот директор на семејната канцеларија на Маск, како секретар.
Овој потег дојде откако Маск и група експерти за вештачка интелигенција и индустриски директори повикаа на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од ново лансираниот Џи-Пи-Ти-4 на OpenAI, наведувајќи ги потенцијалните ризици за општеството.
Маск, исто така, ги повтори своите предупредувања за вештачката интелигенција за време на интервјуто со Карлсон, велејќи дека „Вештачката интелигенција е поопасна од, на пример, погрешно управување со дизајнот на авиони или одржување на производството или лошо производство на автомобили“, според извадоците.
„Тоа има потенцијал за цивилизациско уништување“, рече тој.
Тој рече, на пример, дека супер интелигентна вештачка интелигенција може да пишува неверојатно добро и потенцијално да манипулира со јавното мислење.
Тој твитна за време на викендот дека се сретнал со поранешниот американски претседател Барак Обама кога тој бил претседател и му рекол дека Вашингтон треба да ја „охрабри регулацијата на вештачката интелигенција“.
Маск беше ко-основач на OpenAI во 2015 година, но тој се повлече од одборот на компанијата во 2018 година. Во 2019 година, тој на Твитер објави дека го напуштил OpenAI бидејќи морал да се фокусира на „Тесла“ и „Спејс икс“.
Тој, исто така, во тоа време твитна дека други причини за неговото заминување од OpenAI биле бидејќи „’Тесла’ се натпреваруваше за некои од истите луѓе како ‘OpenAI’ и јас не се согласував со некои од тимот на ‘OpenAI’ што сакаа да го направат“.
Маск, извршен директор на „Тесла“ и „Спејс икс“, стана извршен директор и на „Твитер“, платформа за социјални медиуми што ја купи за 44 милијарди долари минатата година.
Во интервјуто за Фокс њуз, Маск рече дека неодамна го вреднува „Твитер“ на „помалку од половина“ од цената за купување.
Во јануари, „Мајкрософт“ објави натамошна инвестиција од повеќе милијарди долари во OpenAI, интензивирајќи ја конкуренцијата со „Гугл“ и поттикнувајќи ја трката за привлекување финансирање со вештачка интелигенција во Силиконската долина. (Ројтерс)
Elon Musk said he plans to create an alternative to ChatGPT that he is calling “TruthGPT”, which will be a “maximum truth-seeking AI that tries to understand the nature of the universe.”
Read more 👉 https://t.co/CqQvCRLRsO pic.twitter.com/hhsdfo59k6
— Sky News (@SkyNews) April 18, 2023