Илон Маск го дочека 14-тото дете, овој пат со извршната директорка на „Неуралинк“


Илон Маск го дочека своето 14-то дете, овој пат со извршната директорка на Neuralink, Шивон Зилис. Таа ја сподели оваа вест на Х.

“Разговарав со Илон и по прекрасниот роденден на Аркадија, решивме дека е најдобро веднаш да објавиме дека имаме прекрасен син Селдон Ликургус. Тој е голем и има златно срце. Многу го сакаме”, напиша таа.

Директорот на Икс одговори на нејзиниот твит со емоџи во облик на срце. Во споменатата објава таа го откри и името на нивното трето дете – Аркадија. Таа е родена во 2024 година. Двајцата имаат и близнаци, Страјдер и Азур, кои се родени во 2021 година.

Маск имаше шест деца со својата прва сопруга Џастин Вилсон – Невада, која почина кратко по раѓањето, близнаците Грифин и Вивијан и синовите Каи, Саксон и Демијан.

Со пејачот Грајмс, тој ги има синовите X-a Æ A-Xii, попознат како X, Techna Mechanicus и ќерката Exa Dark Sideræl, чиј прекар е Y. Influencer Ешли Сент Клер неодамна објави дека имаат син.