Илјадници на улица во европските градови: Се штрајкува за високите цени, инфлацијата…


 

Неколку илјади демонстранти во бројни германски градови бараа замрзнување на цените на станарините додека инфлацијата во цела Европа достигнува високи нивоа, во Прага се протестира против високите цени на намирниците, а во Рим за подобри работни услови, социјална правда и политиките на крајната десница.

„Многу сме задоволни од одѕивот кој ни е показател во колкава мера луѓето се загрижени дека веќе нема да може да си приуштет плаќање наемнина за стан“, рече Матијас Вејнцерл, портпарол на Mietenstopp Kampagnei (кампања чија цел е замрзнување на цените за станарина).

Кампањата ја предводи сојузот кој е составен од повеле од 160 разни групи за промоција, вклучително и германкото Здружение на станари, Германската федерација на синдикати и Здружението за грижа за работниците. Сојузот повикува на замрзување на немнините во целата земја на шест години. За тоа време од законодавците се бара реформа на станбениот пазар и изградба на пристапни станови за наем.

Во Берлин протести против санкциите за Русија

Демонстрантите кои се собраа во организација на крајно десно ориентираната партија, Алтернатива за Германија (AfD), ги нападнаа мерките на канцеларот Олаф Шолц поради растот на цените на енергентите и мерките за политики за заштита на околината кои планира да ги спроведе неговата влада.

Претседателот на AfD, Тино Чрупала се противи на шемата на Шолц за органичување на цените на гасто и бара укинување на енергетските санкции кон Русија воведени поради војната со Украина.

„Цената на гасот ќе се врати во нормала ако купуваме евтин гас од Русија“.

Според проценките на берлинската полиција, на собриот на AfD учествувале околу 10.000 луѓе, значително повеќе од пријавените 4.000. Портпаролот на партијата ја кажа истата бројка. На истовремено одржаните контрапротести се собраа многу помалку луѓе од очекуваното, додава полицијата. Имало помалку од 1.500.

Во Прага се протестира против сиромаштијата

Сѐ повисоките цени на храната и горивата повторно на улиците на Прага извлекоа бројни жители, кои од својата валада бараат дополнителна помош.

Собирот под назив „Против сиромаштијата“, одржан во саботата во средиштето на градот, го организираа синдикатите, а собраа повеќе илјади луше. „не дојдовме затоа што немаме работа, туку затоа што се плашиме за својата иднина“, вели Јосеф Стредула, претседател на синдикалната конфедерација ЦМКОС.

Меѓу неговите барања се и зголемување на минималната плата, која во моментот изнесува 661 евро месечно, а државата ги регулира трошоците за секојдневни потребни работи. Цените во Чешка во август пораснаа за 17,2 отсто на годишно ниво, според податоците од Државниот завод за статистика.

Како итна мерка против високите цени на енергијата владата на десниот центар на чело во Петро Фиало, усвои мерка на ограничување на цените на струјата и гасот за домаќинствата и малите претпријатија. кои треба да стапат на сила од ноември.

Во Прага досега се одржани неколку протести, а демонстрантите бараат од владата да направи повеќе во борбата против скокот на цените. Многу од нив ја обвинуваат и ЕУ за нивниот одговор на војната во Украина, поради што се наметнати санкции против Русија.

Во Рим се протестира против екстремизмот на крајната десница

Граѓаните собрани во центарот на Рим бараа подобри работни услови и го осудија екстремизмот на крајната десница која победи во септември на парламентарните избори.

Бараа повторно владата да се сосредоточи на прашања од работничките права и социјалната правда во Италија, но и во Европа.

Собирот е одржан на годишнината од нападите на седиштето на италијанската конфедерација CGIL во Рим, кога крајните десничари упаднаа во седиштето, и ја вандализираа зградата во текот на протестите против мерките за пандемијата . Тогаш властите ги уапсија членовите на крајната десна партија Форца Нуова, кои беа вмешани во нападот.

Во саботата главниот секретар на CGIL Маурицио Ландини ги предупреди луѓето на опасност од фашизам во обраќањето на централниот плоштад. Ги осуди пратениците дека не ги слушаат работниците кога носат закони за работа.

Новбата влада, која допрва треба да се формира откако на 25 септември на изборите победи крајно десната партија Браќа на Италија во коалиција со исто крајно десната Напред Италија, Ландини предупреди дека работниците не сакаат да бидат консултирани откако ќе се донесат одлуките.