Русин до смрт избоде двајца Украинци во трговски центар во Германија


Руски државјанин (57) во саботата навечер со нож избодел двајца Украинци во трговски центар во Мурнау, Германија.

Според соопштението на баварската полиција, првата жртва, 36-годишен Украинец, починала на местото на настанот, а 23-годишен маж вечерта во болница им подлегнал на повредите.

Баварската полиција соопшти дека 57-годишен Русин е уапсен на домашна адреса недалеку од местото на злосторството.

Истрагата е во тек, полицијата трага по сведоци
„Веднаш била известена итна помош и на лице место било констатирано дека едно од лицата веќе им подлегнало на тешките повреди. Другиот маж, за кој било констатирано дека е тешко повреден, починал откако бил пренесен во блиската болница, и покрај обидите да го оживеат. “, се вели во соопштението на полицијата.

Истрагата е во тек, а баварската полиција ги повика сведоците да излезат за да им помогнат да го утврдат мотивот за нападот, пишува Киев пост.