Илјадници десничари и противници на вакцинацијата на забранет протест во Германија


 

Илјадници противници на мерките за сузбивање на пандемијата од корона вирус излегоа денеска на улците во германските градови.

Во Дрезден стотици приврзаници на движењето „Кверданкен“, десничарски активисти и противници на вакцинацијата кои го порекнуваат Ковид-19, излегоа на улиците покрај забраната за демонстрации која ја издаде државниот суд.

„На терен сме од раните утрински часови за да го забраниме протестот“, рече портпароло на полицијата.

Многу учесници не носеа маски, што е задолжителна мерка за сузбивање на пандемијата од корона вирус.

Демонстанстрантите скандираа: „Пандемијата е готова“.

Стотици во Штудгарт без маски и дистанца

Во меѓувреме, во јужниот град Штутгарт се собраа стотици под слоганот: „Доста беше“.

Нивниот број значително ги надмина првично регистрираните 750 учесници, изјави портпаролот на полицијата и додаде дека меѓу 80 и 90 отсто демонстранти не носеле маски ниту држеле дистанца.

Во саботата полицијата ги прекина демонстрациите против мерките за сузбивање на корона вирусот со неклку илјади учесници во близина на баварскиот државен парламент во Минхен.

„Протестот го прекина полицијата поради непочитување на условите“, рече портпаролот на полицијата.

Но, не го послушаа сите демонстранти барањето да се разидат

Околу 2.000 луѓе се собраа и на протестот против мерките за сузбивање на корона вируспт во Дизелдорф, со поддршка од конвој од повеќе од 100 кампери.