И „Спутник“ вакцините вклучени во ЕУ сертификатот


ВО ЕУ велат дека Македонија не треба да се фокусира на барање на некакви гаранции за членство, туку да работи на исполнување на обврските
 

Лидер ите на ЕУ на самитот што се одржува вечерва усвоија серија заклучоци за пандемијата КОВИД-19, прифаќајки ги  патничките сертификати за вакцини наменети за олеснување на движењето низ блокот. Но, и покрај позитивниот јазик, дипломатите посочија дека одредени лидери, вклучувајќи ги Ангела Меркел и Емануел Макрон, протестирале за признавањето во сертификатот и на вакцините што не се одобрени од ЕУ – вклучувајќи ја и руската вакцина Спутник.

Советот го поздрави „добриот напредок во вакцинацијата и целокупното подобрување на епидемиолошката состојба“, истовремено истакнувајќи ја потребата да се остане „буден и координиран во однос на развојот, особено појавата и ширењето на варијантите.

Лидерите ги повикаа земјите производители на вакцини да продолжат да донираат на  КОВАКС механизмот наменет за дистрибуција на посиромашните земји.