И покрај проблеми со услугите во „облак“, „Мајкрософт“ со приходи од речиси 53 милијарди долари


„Мајкрософт“ ја објави својата заработка во третиот квартал во вторникот, надминувајќи ги очекувањата на Волстрит и покрај континуираното забавување на приходите од облак услугите на компанијата.

Технолошкиот гигант објави годишен раст од 27 отсто на приходите од „Азур“ (Azure) и другите облак услуги. Тој број се намалува секој квартал,  најмалку од третиот квартал 2022 година, бидејќи компаниите ја намалуваат својата капитална потрошувачка во услови на зголемување на каматните стапки.

„Јаху фајнанс“ (Yahoo Finance) ги разложува најважните бројки од извештајот на „Мајкрософт“ во споредба со она што го очекуваа аналитичарите: приход од 52,9 милијарди долари наспроти очекуваните 51,1 милијарди долари, прилагоден добивка по акција од 2,45 долари наспроти очекуваните 2,23 долари, продуктивност и деловни процеси од 17,5 милијарди долари наспроти очекуваните 17,1 милијарди долари, интелигентен облак: 22,1 милијарди долари наспроти очекуваните 21,9 милијарди долари, персонални компјутери: 13,3 милијарди долари наспроти очекуваните 12,3 милијарди долари.

Акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за повеќе од 4 отсто по објавувањето на резултатите.

И додека акциите на „Мајкрософт“ навидум имаа корист од возбудата за вештачка интелигенција (компанијата инвестираше  во развојот на ChatGPT, четботот на OpenAI) и целокупното закрепнување на пазарот по неизвесната 2022 година, главниот двигател на растот на компанијата остануваат услугите во облак.

Но, тој раст значително забави во текот на изминатата година. Во третиот квартал од фискалната 2022 година, „Мајкрософт“ објави раст од 46 отсто на годишно ниво во „Азур“. Но, оттогаш тоа се намалува секој квартал, паѓајќи на 27 отсто во третиот квартал од фискалната 2023 година.

Дел од причината за овој пад беше тоа што големите купувачи се повлекоа од трошењето бидејќи повисоките каматни стапки влијаеа врз глобалниот раст. „Мајкрософт“, исто така, се бори со намалената продажба на персонални компјутери, бидејќи побарувачката на потрошувачите и бизнисот се намалува од највисоките нивоа од ерата на пандемијата.

Компанијата објави пад од 9 отсто на приходите во сегментот „Повеќе персонални компјутери“, при што приходите на Windows OEM се намалени за 28 отсто.