И Италија развива вакцина, подобар резултат од „Модерна“ и „Фајзер“


 

Вакцината против корона вирус која ја развива римската биотехнолошка компанија „Реитера“ е безбедна, изјави денеска научниот директор на болницата за инфективни болести „Сталанцани“ Џузепе Иполито.

Тој ги претстави резултатите од првата фаза на вакцината GRAd-CoV2 и истакна дека досега вакцината е тестирана на 100 лица, а дека од нив 45 се вакцинирани со различни дози и никој немач негативни ефекти или нус појави ни 28 дена по вакцинацијата, пренесе Анса.

Како што се наведува, тоа е подобар резултат во споредба со вакцините на компаниите „Модерна“ и „Фајзер“ кои имаа несакани ефекти.

„Врвот на производство на антитела останува константен на четири недели и се прима една доза вакцина“, рече Иполито и додаде дека вакцината ствара антитела на вирусот во 92,5 отсто од случаите.

Претседателката на комапнијата „Реитера“, Антолена Фолгоре, изјави дека компанијата планира да произведува 100 милиони вакцини годишно, како дека вакцината е стабилна на температури од два до осум степени Целзиусови.