И Фијон се засрами, најави повлекување од позициите во руските компании


Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон изјави дека ќе поднесе оставка од членството во бордот во руските петрохемиски и нафтени компании Сибур и Зарубешнефт, објави „Ле Журнал ду Диманш“. Тој беше критикуван за неговите врски со Русија и за останувањето во бордовите на тие компании откако Русија ја започна својата инвазија на Украина. Тој се приклучи на бордот на Сибур во ноември и на Зарубешнефт во јуни.

Фијон рече дека војната во Украина е „колективен неуспех“, но дека рускиот претседател Владимир Путин „е единствениот виновен што предизвикал конфликт што можел,  што требало да биде избегнат“.

„Во надворешната политика, човек мора да се справи со реалноста“, додаде тој, тврдејќи дека тоа е причината за неговата оставка. Но, тој рече дека е тажен што ги напушта своите позиции.

„Тоа го правам со тага затоа што сретнав мажи и жени со големи вредности, отворени кон светот, водени од успехот на нивната компанија, желни да ја донесат  до најдобрите меѓународна стандарди, вклучително и за прашањата за еколошка и социјална одговорност“.