Хрватскиот крал на модните додатоци доаѓа во Скопје: Промоција на Jewellery TJ во бутик „ViA“


Хрватскиот крал на модните додатоци Томица Јаничиќ доаѓа во Скопје. В среда, од 19 часот, ќе го промовира својот бренд на накит Jewellery TJ во бутик „ViA“, веќе претставен во Париз, Виена и Милано. Брендот стана препознатлив и прифатен како  во Хрватска така и на меѓународниот пазар поради масивните парчиња кои се носат и даваат посебна нота на стилот.

По 22 години работа, Jewellery TJ е основана во 2017 година.

-Како автор, мојата преференција за формата и дизајнот ја комбинирам во синергија со луѓето и на овој начин постигнувам целина. Работам на традиционален начин. Ѓердан, нараквица или прстен се изработуваат рачно, што ги прави уникатни и посебни. Секое парче накит има своја приказна од моментот на моделирање до финалниот производ, а во секое парче метал има дел од мене и приказна напишана од мои раце, вели Јаничиќ. 

Оваа година „My Global Fashion Awards“, што се одржа од 15-17 јуни во Сплит му ја додели
наградата за дизајнер на модни додатоци за 2021 година.

Накитот ќе биде изложен во бутикот „ ViA“ до 30 септември.