Хрватска со рекордни 10.427 новозаразени, починаа 45 луѓе
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 10.427 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 56.208, објави штабот.
Од нив 1.796 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор се 204 пациенти.
Починаа уште 45 луѓе од последиците на заразата, а вкупниот број жртви до денеска изнесува 13.257.
Од почетокот на пандемијата досега забележани се 836.807 позитивни на корона виурс, а оздравеа 767.342 лица.
Тестирани се вкупно 4.031.182, а во последното деноноќие 20.292.
Вакцинирани се вкупно 56,27 отсто од населението.