Хрватска пратеничка ја стресе струја во Парламентот


Пратеничката Далија Орешковиќ ја стресе струја за време на вчерашната парламентарна дебата. Тоа се случи за време на говорот на членот на ХДЗ, Марко Павиќ. Орешковиќ во еден момент се наведна под пратеничката клупа, а кратко потоа гласно вресна и почна да мавта со раката.

„Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, праша заменик-претседателот на Парламентот Иван Пенава, кој во тој момент претседаваше со седницата, накратко прекинувајќи го говорот на Павиќ.

„Ме фати струја“, одговори Орешковиќ.

„Слушнав. Дали сте добро? Немојте да направите краток спој. Дали ви треба помош?“, праша Пенава.

„Сè е во ред“, рече Орешковиќ, видливо шокирана.